Меѓугенерациски хепенинг!

Помогними да ги прославам празниците украсувајќи го просторот во кој живеам. Здружение Доблестe

По повод одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност 29 Април, Здружението за меѓугенерациска солидарност ”ДОБЛЕСТ”, во соработка со ЈЗУ Геронтолошки Завод ”13 Ноември”, Оддел Мајка Тереза организираше Меѓугенерациски хепенинг.
Посветувајќи им внимание на корисниците на Одделот Мајка Тереза, благодарение на нашите доблесни пријатели од ОXО продукција, Андријана Јаневска, Војче Китановски и КУД ”Јекипе-Единство”, придонесовме за прв пат во Р.Македонија на 29.04.2014 да го одбележиме овој ден со забавно-културна и хумористична програма.
Можноста старите лица да се запознаат со вештините на нашите пријатели во играењето на друштвените игри домино, не лути се човече и шах придонесоа за обострано задоволство со кое и го завршивме овој хепенинг.

Согласно концептот на активно стареење и меѓугенерациска солидараност кој е во основата на нашето работење, одбележувањето на овој ден ќе стане наша редовна годишна активност.

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн