Хуманитарна акција!

donation-boxf

По повод одбележување на Европскиот ден на меѓугенерациската солидарност 29 Април, во соработка со о. Аеродром и О.У Ѓоргија Пулевски, реализиравме хуманитарна акција за донација на алишта. Донацијата беше наменета за Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој го посетуваат деца на возраст од 3 до 17 годишна возраст.

Донираната облека за повозрасните беше донирана на Оддел Мајка Тереза во Злокуќани.

Акцијата започна на 29.04.2015 и траеше до 09.05.2015.

Голема благодарност до сите доблесни граѓани и здруженија кои ја поддржаа нашата акција.

Донацијата беше собрана во просториите на нашата организација која се наоѓа спроти Хотел Порта во Аеродром.

Благодарение на поддршката на Бауерфеинд ДООЕЛ од Скопје истата беше доставена до Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари. bauerfeind

Ги повикуваме сите доблесни и хумани граѓани, градинките, училиштата и општините да ни се приддружат во иднина на нашите  наредни хуманитарни акции.

10462325_1580426942229471_281091952423517327_n10430057_1580428235562675_1702811326991563325_n

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн