Учиме и засадуваме ароматични билки

На 08.06.2015 година организиравме едукативна и креативна работилница наменетa за дечињата кои го посетуваат Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари.

Дечињата можеа да научат нешто повеќе за босилокот, жалфијата, кориандерот, рузмаринот, мајчината душица и нането, како и истите да ги засадат во украсни саксии кои ќе бидат подоцна подарени на старите лица сместени во домот за стари лица Св. Петка и домот за стари лица Ваш Нов Дом.
paris-garden-grow-kit_detail

Работилницата е во рамки на проектот: Од младите за старите, кој го започнавме со реализација по повод одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност 29 Април.

Целта на проектот е поттикнување на меѓугенерациската солидарност и промовирање на дијалогот, меѓусебното разбирање и солидарноста помеѓу децата и старите лица.

Проектот ќе трае до м. Септември 2015 година.

11337258_969996859688561_1452391258_o11148396_1591411014464397_301138395018834926_n11423707_969996786355235_1194071943_o11401223_1591411124464386_7179312436645156995_n

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн