Турнир во шах 2014

sah_8

Со цел поттикнување на можностите за размена на искуство во м. Мај 2014 организиравме турнир во шах помеѓу корисниците на услугите во ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември”, оддел Мајка Тереза и дом за стари лица Елисавета.
Првиот натпревар се одигра во домот за стари лица Елисавета, а вториот натпревар беше оддржан во Оддел Мајка Тереза во Злокуќани.
Поттикнувајќи го натпреварувачкиот дух, старите лица имаа можност да си ги измерат своите сили и вештини во играење на шах и за тоа да добијат симболични награди.
Составен дел на овие натпревари беше размената на искуство со условите и предизивиците со кои се соочуваат самите штитеници.
Самите корисници ја изразија својата желба, интерес за понатамошни средби со останати установи за социјална заштита на стари лица, пензионерски клубови каде што би биле организирани идни шаховски средби.

За таа цел, Здружение ДОБЛЕСТ подготви предлог проект: ”Да си измериме шаховски сили и на стари години”, за кои ни е неопходна финансиска поддршка. Овој предлог проект опфаќа паралелни натпревари помеѓу младите (вработени лица во домовите) и старите лица-корисници на услугите на установите за социјална заштита. Предлог проектот е со времетраење од 9 месеци, а со неговата реализација:

  • ќе се поттикне дијалогот, меѓусебното разбирање и солидарноста помеѓу младите и старите лица
  • ќе се поттикне чувството на умешност, корисност и вредност кај старите лица
  • ќе се воспостави пример на позитивна пракса за меѓугенерациска солидарност спрема старите лица
  • ќе се Зајакнат моралните и етичките врски помеѓу младите и старите лица
  • ќе се пренесе знаењето и умеењето на старите и младите лица
  • List Item Four

Сите кои што сакаат да ја поддржат реализацијата на овој предлог проект ги повикуваме да не контактираат на нашиот контакт телефон

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн