Посета на ДРАМСКИ ТЕАТАР

11074513_10153164475719484_2145826916_n11165895_10153164475679484_1007130422_n

Во рамки на нашиот проект: ”Ние сме Ваши гости и Ваши домаќини” на 15.04.2015, присуствувавме на театарската претстава  ”Солунски патрдии” во Драмски Театар, заедно со нашите партнери од Дом за стари лица Елисавета и  ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември, Оддел Мајка Тереза.

Со проектот се предвидува зголемување на достапноста на старите лица сместени во установите за социјална заштита за стари лица до културните настани, преку организирани посети до културните институции.

Старите лица имаат можност еднаш месечно да ги посетат следниве институции: Драмски театар, Македонски Народен Театар, Македонска Опера и Балет, Спомен куќа на Мајка Тереза, Музеј на Холакустот и Музеј на македонската борба.

Покрај посетата, со проектот е предвидена и размена на искуство на старите лица со вработените лица од наведените културни институции. За таа цел, ќе бидат организирани посебни отворени денови во установите за социјална заштита на стари лица кои воедно и се наши партнери во реализацијата на овој проект.
Проектот започна со својата реализација во м. Март 2014 и ќе трае до м. Декември 2015 со отворена можност за негово идно продолжување.
Спроведувањето на овој предлог проект е во согласност со Националната стратегијата за стари лица 2010-2020 година на Р.Македонија

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн