Посета на Домот за стари лица Св. Петка

Здружението ДОБЛЕСТ,  го посети Домот за стари лица св. Петка во Скопје. Целта на посетата беше разгледување на можностите за заедничка соработка и нивен активен придонес во понатамошните активности на 10714116_1483005095302440_3670581294377935067_oЗдружение ДОБЛЕСТ. Од домот св. Петка го изразија својот интерес за приклучување во Координативното тело кое е во фаза на негово формирање со претставници од повеќе установи за социјална заштита на стари лица. Посетата ни овозможи да понесеме чувство на радост од стекнатите нови познанства и со нетрпение ја очекуваме нашата наредна посета на нивните корисници. Домот св. Петка е нашиот 9ти дом со кој остваруваме успешна соработка.

 

 

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн