Посета на домовите за стари МИЛИЦА, Резиденција ДАБЕСКИ и ЈЗУ Г.Завод 13 Ноември

Здружението на граѓани ДОБЛЕСТ, во рамки на кампањата Мисли позитивно, живеј поквалитетно, во соработка со Ротаракт Клуб Скопје, го одбележи Меѓународниот ден на жените во установите за социјална заштита на стари лица, со кои остваруваме успешна соработка.  Целта на кампањата беше поттикнување на ведриот дух на старите лица, кое го овозможивме со делење на позитивни пораки на кои стои цртеж од дечињата од Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари.

Благодарение на поддршката од Ротаракт Клуб Скопје и Harbini Cosmetics, беа реализирани 8 посети на домови за стари лица.

На 09.03.2015 ги посетивме Домот за стари лица Милица, Резиденција ДАБЕСКИ и ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември. За време на посетите на овие домови, следеа позитивни реакции и коментари, меѓу кои беа и коментарите на старите лица дека сме им го продолжиле животот со посетата!

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн