Основање на Координативно тело

Со цел да се воспостават поблиски односи помеѓу установите, а во функција на лоцирање и решавање на проблемите и потребите со кои се соочуваат на 02.06.2015 година беше изгласено основањето на Координативно тело во рамки на ДОБЛЕСТ.
Членки-основачи на Координативното тело (КТ) се домовите за стари лица: Елисавета, Милица, Руски, Жана-Неготино, ЈЗУ ГЗ ‘’13 Ноември’’, Оддел Мајка Тереза, Св. Петка, Ваш Нов Дом и Резиденција ДАБЕСКИ.

КТ е првата организирана форма на здружување на домовите  во Р.Македонија,  во рамки  на Здружението  Доблест, која делува  во насока на  подобрување  на условите на старите лица во РМ.

КТ  има за цел меѓусебно поврзување и  соработка на  Зружението Доблест со  Установите за социјална заштита на стари лица (домови), за  заеднички настап пред институциите на системот, за прашања од интерес на домовите и корисниците на нивните услуги.

Преку КТ ќе се овозможи размена на знаења, искуства, мислења и ставови, како и  развивање  на нови форми на соработка помеѓу установите за социјална заштита на старите лица, за адресирање и решавања на прашања од заеднички интерес.

Координативното тело (КТ) има флексибилна структура и начин на делување, што овозможува можности за формирање на посебни „ад хок“ работни групи за одредени прашања кои ке произлезат од потребите на установите, а за  заштита на  правата на старите лица и нивните семејства.

КТ дејствува согласно однапред договорена работна програма.

Останатите установи за социјална заштита на стари лица може да се пријават за членство во Координативно тело на E-mail: info@doblest.mk

11297700_10205906454237001_366015100_n11358884_10205906454477007_962723660_n

 

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн