Недела на движење во Македонија

12004815_1629039857368179_6038393305450786280_nБлагодарение на Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ, имавме можност да дадеме свој придонес во одбележување на Европската недела на мобилност во 4 установи за социјална заштита на стари лица со кои остваруваме успешна соработка.

Старите лица имаа можност да слушнат за важноста на физичката активност. За време на посетите покрај теоретско предавање,  професионалниот тим од Здружението ТАКТ, овозможи  да се применат вежби кои се соодветни за нив, како и вежби кои можат да се применат и во седечка положба.

Благодарност упатуваме до организаторите на целокупната иницијатива, која опфаќаше поголем број на активности во различни дисциплини, вклученост на 21 општина, Агенцијата за Млади и спорт и голем број на граѓански организации.

Нам ни беше чест и задоволство за поканата и можноста да учествуваме во одбележување на Европската недела на мобилност.
Термините беа следни:
23.09.2015 Дом за стари лица Света ”ПЕТКА”
23.09.2015 Дом за стари лица ”МИЛИЦА”
24.09.2015 ЈЗУ Г.Завод 13 Ноември, Оддел ”Мајка Тереза”
24.09.2015 Дом за стари ”ЕЛИСАВЕТА”

12011304_1633267170278781_1597387487966167089_n12049476_1633467610258737_7372341143133181076_n12030386_1633515516920613_159620469746315906_o12091331_10153604566536145_1569636916558185203_o

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн