На КАФЕ со ДОБЛЕСТ!

 

New Microsoft Office Word Document1

Согласно стратешките области на делување, предвидени во работната програма за 2014-2019 година на Здружение на граѓани ДОБЛЕСТ, организиравме КАФЕ средба со директорите на приватните и јавните установи за социјална заштита на стари лица, која се одржа на 14.04.2015 година.

Средбата беше овозможена од МАСИВ ДИЗАЈН-Кочани.

Поттикнувајки разговори и меѓусебна размена на искуство, на кафе средбата беа разгледани и потврдени интересите и  можностите за формирање на посебно КООРДИНАТИВНО ТЕЛО (КТ) во рамки на ДОБЛЕСТ, кое активно ќе работи на проблемите, предизвиците и потребите со кои се соочуваат установите, начините и предлог решенија за нивно идно надминување.

КТ е првата организирана форма на здружување на домовите во Р.Македонија, во рамки на Здружението Доблест, која ќе делува во насока на подобрување на условите на старите лица во РМ.

КТ  има за цел меѓусебно поврзување и  соработка на  Зружението Доблест со  Установите за социјална заштита на стари лица (домови), за  заеднички настап пред институциите на системот, за прашања од интерес на домовите и корисниците на нивните услуги.

Преку КТ ќе се овозможи размена на знаења, искуства, мислења и ставови, како и  развивање  на нови форми на соработка помеѓу установите за социјална заштита на старите лица, за адресирање и решавања на прашања од заеднички интерес.

Координативното тело го сочинуваат претставници на установите за социјална заштита на стари лица и претставници од здружението ДОБЛЕСТ.

Координативното тело (КТ) има флексибилна структура и начин на делување, што овозможува можности за формирање на посебни „ад хок“ работни групи за одредени прашања кои ке произлезат од потребите на установите, а за  заштита на  правата на старите лица и нивните семејства.

КТ дејствува согласно однапред договорена работна програма.

Членки – основачи на КТ се домовитеЕлисавета, Милица, Руски, Жана-Неготино, ЈЗУ ГЗ ‘’13 Ноември’’, Оддел Мајка Тереза, Резиденција Дабески, Св. Петка и Ваш Нов Дом.

 

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн