Мисли позитивно, живеј поквалитетно!

Здружението на граѓани ДОБЛЕСТ, во рамки на кампањата Мисли позитивно, живеј поквалитетно, во соработка со Ротаракт Клуб Скопје, го одбележи Меѓународниот ден на жените во повеќе установи за социјална заштита на стари лица. Целта на кампањата беше поттикнување на ведриот дух на старите лица, кое го овозможивме со делење на позитивни пораки за секого, на кои им претходеше организирана креативна работилница заедно со дечињата кои го посетуваат Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари.

Она што особено не израдува се позитивните реакции и коментари од досегашните средби, меѓу кои беа и коментарите на старите лица дека сме им го продолжиле животот со посетата. Беа организирани вкупно 8 посети и подготвени над 450 позитивни пораки/писменца.

Посебна благодарност до Дневен Центар за деца на улица во Шуто Оризари и Harbini Cosmetics за нивната поддршка и придонес за реализација на оваа кампања.

Динамиката на посетите беше следна:
07.03.2015 ПУСЗ Руски и ПУСЗ Вита-Ве
08.03.2015 Оддел Мајка Тереза и ПУСЗ Елисавета
09.03.2015 ПУСЗ Милица, ПУСЗ Резиденција ДАБЕСКИ и ЈЗУ Г.Завод 13ти Ноември
10.03.2015-ПУСЗ Жана-Неготино

411038645_404946276345420_5168854224547717623_n10955015_1550547011884131_4683874990217279550_o10290703_881476145225183_876769902060296008_n11057244_881476271891837_3515501727198664686_n14708_881474938558637_5764616192228216949_n15671_404942096345838_7969179752215776332_n11015365_10153071342544484_19086294_n

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн