Информативен ден за партнери

Здружението за меѓугенерациска солидарност ДОБЛЕСТ, во партнерство со 9 приватни установи за социјална заштита на стари лицa и финансиска поддршка од Европската Унија започна да го имплементира проектот ‘’Инспирирани за детската радост’’.
Во рамки на проектот одржавме информативен ден за вклучените партнери од установите за социјална заштита на стари лица.
На средбата партнерите беа запознаени со проектните активности и очекуваните резултати.
Работилниците започнуваат со реализирање од м. Декември 2018 година и ќе траат до м. Април 2019 година.
Во месец Декември 2018 година се предвидени следниве термини за одржување на креативните работилници:

  • 17.12.2018 и 25.12.2018 ПУСЗ Елисавета, ПУСЗ Геромедикал Феникс и ПУСЗ Хармонија
  • 18.12.2018 и 26.12.2018 ПУСЗ Руски Кадино, ПУСЗ Руски Ченто и ПУСЗ Дом ЖАНА Неготино
  • 19.12.2018 и 27.12.2018 ПУСЗ Сончев Дом Тодоровски, ПУСЗ Св.Петка Сопиште и ПУСЗ Нана

Во месец Јануари 2019 година се предвидени следниве термини за одржување на креативните работилници:

  • 15.01.2019 и 23.01.2019 ПУСЗ Руски Кадино, ПУСЗ Руски Ченто и ПУСЗ Дом ЖАНА Неготино
  • 16.01.2019 и 24.01.2019 ПУСЗ Сончев Дом Тодоровски, ПУСЗ Св.Петка Сопиште и ПУСЗ Нана
  • 21.01.2019 и 29.01.2019 ПУСЗ Елисавета, ПУСЗ Геромедикал Феникс и ПУСЗ Хармонија

Доколку некој има интерес за присуство на работилниците, Ве молиме пишете ни на e-mail doblest@outlook.com или на фан страната на ДОБЛЕСТ.
За повеќе информации за проектот, Ве молиме проследете на овој линк.

 

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн