Едукативна работилница во домот св. Петка

На 30.07.2015 година, организиравме едукативна работилница во домот за стари лица св. Петка. Пиејќи природно чајче,  поразговаравме за ароматичните билки, осознавме  дали тие ги користат сега во исхраната, дали ги користеле во нивната младост, што имаат тие да ни кажат за нивните лековити својства, а воедно и прочитавме неколку интересни факти за истите.

Разговаравме за лековитите својства и употребата на невенот, босилокот, рузмаринот, магданосот, чубриката, нането, кантарионот и други билки. Неколку ароматични билки кои беа засадени од дечињата од Дневниот центар во Шуто Оризари, им ги подаривме на старите лица.

Работилницата е во рамки на проектот: Од младите за старите, кој го започнавме по повод одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност.

11817001_692054740938966_4301804838730052363_n11811379_1608104829459132_802616025926557240_n11825989_1608104632792485_384413396772850806_n11825938_1613611168911048_8917024625311589200_n

 

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн