ДОБЛЕСТ заедно со детската креативност!

detski_5Водејќи се од нашиот основен концепт за поттикнување на меѓугенерациската солидарност, организиравме креативна работилница која се одржа на 25.02.2015 во Дневен Центар за деца на улица во Шуто Оризари, во соработка со Ротаракт Клуб Скопје. Работилницата e нашиот завршен настан во рамки на ДОБЛЕСНАТА НЕДЕЛА, организирана по повод одбележување на нашиот ПРВ роденден.

Децата кој го посетуваат Дневниот центар во Шуто Оризари, ни помогнаа испратените пораки во рамки на кампањата: Мисли позитивно, живеј поквалитетно, на креативен начин со нивни цртежи да ги пренесеме.

Креативните пораки им беа врачени на старите лица и вработените во 7 установи за социјална заштита со кои Здружението има остварено успешна соработка, по повод одбележување на меѓународниот ден на жената.

Динамика на посетите:

07.03.2015 ПУСЗ Руски и ПУСЗ Вита-Ве
08.03.2015 Оддел Мајка Тереза и ПУСЗ Елисавета
09.03.2015 ПУСЗ Милица, ПУСЗ Резиденција ДАБЕСКИ и ЈЗУ Г.Завод 13ти Ноември
10.03.2015-ПУСЗ Жана-Неготино

Повеќе фотографии од посетите може да погледнете на следниов линк: кликни тука

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн