Прв Роденден на Здружение ДОБЛЕСТ : Доблесна Недела

За една година постоење постигнавме многу

1600+ ФБ ПРИЈАТЕЛИ 200+ TWITTER FOLLOWERS

  • Успешна соработка и меморандуми за соработка со една третина од домовите за стари лица (Елисавета, Милица, Вита-Ве, Руски, Жана-Неготино, Резиденција Дабески, ЈЗУ Г.З 13 Ноември, Оддел Мајка Тереза)
  • Меморандум за соработка со ЈУ Завод за социјални дејности
  • Членство во YES Network (мрежа на млади претприемачи)
  • Креирање на нова Веб страница www.doblest.mk
  • Круг на доблесни пријатели со 34 соработници и поддржувачи
  • 28 остварени средби, активности со 670 стари лица

доблесна неделаПосетa на Драмски Театар, Спомен куќа на Мајка Тереза, Музеј на холокаустот, Музеј на Македонската борба, МНТ,МОБ , турнир во шах, меѓугенерациски хепенинг за одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност, печатење и промоција на каталог ‘’Како да им помогнеме на оние кои нам ни помогнале’’, Одбележување на Меѓународниот ден на старите лица со акцијата ”100 дена среќни стари лица”, кампања Магична еуфорија за ДОБРИНА, печатење и промоција на каталог : ‘’Правата на старите лица’’…


По повод одбележувањето на една година од основањето и работата на Здружението ДОБЛЕСТ, во период од 18-25 Февруари, ја започнуваме ДОБЛЕСНАТА НЕДЕЛА со следниве активности:

18.02-Јавен повик за позитивни пораки/цитати со Ротаракт клуб Скопје за одбележување на меѓународниот ден на жената
19.02-Промоција на каталог: Правата на старите лица во Резиденција ДАБЕСКИ
20.02-Јавен повик за донација во соработка со Ротаракт клуб Скопје за одбележување на Меѓуародниот ден на жената-8ми Март
21.02-Гости во емисијата ТРЕТА ДОБА на МРТ1
23.02-Посета на фирми од бизнис секторот за иницирање на заедничка соработка
24.02-Претставување на здружението пред пензионерски здруженија и други здруженија на граѓани
25.02-Креативна работилница заедно со Ротаракт клуб Скопје и Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари за подготовка на позитивните мисли за одбележување на 08ми Март

За да бидете во тек со активностите, кликнете тука

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн