100 Дена Среќни Стари

Здружението ДОБЛЕСТ, по повод одбележување на Меѓународниот ден на старите лица 01 Октомври, го започна проектот: 100 дена среќни стари лица, заедно со неколку установи за социјална заштита на стари лица на 01.10.2014 година..

I could say things with color and shapes that I couldn’t say any other way, things I had no words for. Dany Duchaine

За таа цел, беа организирани почетни креативни работилници наменети за старите лица на тема: Што ги прави среќни старите лица во ПУСЗ Елисавета, ПУСЗ Милица, ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември и Оддел Мајка Тереза.
По завршување на 100 дневниот предизвик следеше размената на искуство помеѓу вклучените установи за социјална заштита и беа спроведени отворени дискусии на тема што ќе ги направи посреќни во блиска иднина.
Со предизвикот се потврди дека среќата е најчесто во малите нешта, најчесто во здравјето на нивните најблиски, посетите на синовите, ќерките, внуците и правнуците, посетата на културни настани, прошетките, сонцето, цвеќињата, музиката, пријателите, мирот и слогата …
Она што ќе ги направи посреќни е посадувањето на цвеќе, посета на градовите Крушево, Охрид и др. посета на манастири, цркви и џамии, размена на искуство со други домови за стари лица и др..

Здружението ДОБЛЕСТ ги повикува сите општествено одговорни фирми и локални самоуправи да ни помогнат во исполнување на желбите на нашите најмудри сограѓани, а со тоа несомнено ќе влијаат до посреќна, поисполнета и подостоинствена старост.

Со ова активност, Здружението ДОБЛЕСТ, дава активен придонес на глобалната социјална кампања: 100 Days of Happy Older People..

Колку да се знае…

Целта на кампањата”100 дена Среќни Постари луѓе“, која е една глобална општествена медиумска кампања, е да ги редефинира негативните поими за постарите лица во општеството и да се охрабри една интергенерациски размена. Ние сме заинтересирани за се она што, во животот на постари лица, ги прави среќни. Откако доставени или објавени за користење на сајтот на #happyolderpeople, делови од овие видеа, слики или било кој друг материјал може да се користат од страна на “100 дена Среќни постарите луѓе” за својата глобална едукативната кампања.

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Change in Theme Options or on the cause edit page
Change in Theme Options or on the cause edit page
Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн