Ние сме со ВАС!

Проект “НИЕ СМЕ СО ВАС“ финансиран од град СкопјеЗдружението за меѓугенерациска солидарност ‘’ДОБЛЕСТ’’  активно работи на поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на животот на старите лица.

Со финансиска поддршка од Град Скопје, ја реализираме првата фаза од проектот: ”НИЕ СМЕ СО ВАС”.

Цел на проектот е поттикнување на меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај младите за грижа кон постарите лица.

За таа цел, ќе ја креираме ПРВАТА електронска дата база на невработени млади лица во Р.Македонија, кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за социјализација на старите лица.

Пријавените лица на распишаниот ЈАВЕН ПОВИК, ќе имаат можност за посета на домови за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение.

Се надеваме дека во блиска иднина ќе обезбедиме дополнителна финансиска поддршка за повеќемесечно ангажирање на избраните лица како волонтери во установите за социјална заштита со кои остваруваме успешна соработка.

 

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Change in Theme Options or on the cause edit page
Change in Theme Options or on the cause edit page
Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн