Магична еуфорија за ДОБРИНА

 

Периодот пред Нова Година е период на споделување на добрина, на дружење и подарување. По тој повод здружението ДОБЛЕСТ, кон крајот на старата година, започна кампања “Магична еуфорија за ДОБРИНА”.
Најнапред, благодарение на нашите пријатели-поддржувачи беше реализирана акција за собирање на најразлични производи за кои знаевме дека ќе ги израдуваат и разведрат нашите стари доблесни пријатели и ќе им ги стоплат срцата.
А кога подарувањето е проследено со игра-лотарија, бинго, која го буди натпреварувачкиот дух и желбата да се биде дел од едно заедничко дружење, тогаш задоволството е огромно за сите.

I could say things with color and shapes that I couldn’t say any other way, things I had no words for. Dany Duchaine

Во рамки на кампањата „ Магична еуфорија за ДОБРИНА„ беа обезбедени 320 артикли и реализирни 6 (шест) посети и лотарии во установите за социјална заштита, со кои здружението остварува успешна соработка.
Динамиката на лотаријата/бингото беше следна:
19.12.2014-Дом за стари лица ‘’Елисавета’’
23.12.2014-Дом за стари лица ‘’Руски’’
23.12.2014-Дом за стари лица ‘’Вита-Ве’’
24.12.2014-ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’, Оддел Мајка Тереза
25.12.2014-Дом за стари лица ‘’Mилица’’
16.01.2014-Дом за стари лица ‘’Жана’’-Неготино

ME_05Старите лица имаа можност да се запознаат со тимот на Здружение ДОБЛЕСТ и заеднички да придонесат кон примена на европските концепти на активно стареење и меѓугенерациска солидарност кои воедно се основните концепти врз кои се темели целокупната работа на здружението ДОБЛЕСТ.
Сите заинтересирани граѓани, кои ја следат нашата работа, а кои изразија желба да присуствуваат на овие дружења беа наши и гости на старите лица. Па, така , во Домот Елисавета во посета беше Г-ѓа Синоличка Трпкова, актерка и професорка на ФДУ и Г-ѓица Емине Халил, студентка на ФДУ(Факултет за драмски уметности).
Оваа кампања ќе настојуваме да стане редовна активност на Здружението и под истото мото да се реализира секоја година.

10547461_1517190045219828_1408937477024433479_n

 

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Change in Theme Options or on the cause edit page
Change in Theme Options or on the cause edit page
Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн