Инфо центар за стари!

инфо центар за стари лица
Здружението за меѓугенерациска солидарност ДОБЛЕСТ, од м. Октомври 2015 година започнува со кампањата: ‘’Помогни кога е најпотребно”, благодарение на поддршката од ЕВН и Томато Продукција, обезбедена со учество во квизот: ”Среќно семејство”.
Кампањата има за цел, обезбедување на финансиска поддршка за креирање на првиот ONLINE инфо центар за стари лица во Република Македонија.

logo_DNK
Посебна благодарност упатуваме до Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК и Владимир Танески, за освоеното Прво место во квизот ”Среќно семејство”.

Бидете и ВИЕ дел од нашата успешна приказна и помогнете ни!

ДОНИРАЈТЕ

ЖИРО СМЕТКА
300 000 003 6940 87AD Komercijalna Banka Скопје

Онлајн инфо центарот овозможува

  • Зголемен пристап на семејствата и старите лица до правата на социјална заштита на стари лица и начините за нивно остварување
  • Информирање на семејствата и старите лица за постоечките установи за институционално згрижување на старите лица
  • Доближување на работата и услугите на домовите за стари лица до семејствата и старите лица (услуги, местоположба, цената на чинење, капацитети, контакт лица и др.)
  • Зголемен пристап до корисни едукативни содржини поврзани со нега на старите лица
  • Подобрување на квалитетот за грижа на старите лица

Зошто е потребно?

Нашето досегашно искуство ни укажа дека семејствата најчесто се препуштени сами на себе при остварување на правата од социјална заштита на стари лица, недостасуваат содржини поврзани со негата на старите лица, нивната исхрана, потребата за физичка и умствена активност, нивна социјализација, постои недостиг од информации за постоечките установи за социјална заштита на стари лица, сервисите за домашна нега и другите форми на социјална заштита на старите лица.

 

Вашата поддршка ја очекуваме на жиро сметка:
Здружение на граѓани ДОБЛЕСТ
300 000 003 694 087, Комерцијална Банка АД Скопје

Цел на дознака: донација за online инфо центар

Change in Theme Options or on the cause edit page
Change in Theme Options or on the cause edit page
Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн