Инспирирани од детската радост

Во рамки на проектот ‘’Инспирирани од детската радост’’, финансиски поддржан од Европската Унија, во период од 5 месеци, ќе се реализираат 90 креативни работилници во установите за социјална заштита на стари лица: ПУСЗ Сончев Дом Тодоровски, ПУСЗ Св.Петка Сопиште, ПУСЗ Нана, ПУСЗ Руски Ченто, ПУСЗ Руски Кадино, ПУСЗ Дом ЖАНА Неготино, ПУСЗ Елисавета, ПУСЗ Геромедикал Феникс и ПУСЗ Хармонија.
Преку креативноста и вештините, старите лица ќе ни покажат што значело да се биде дете некогаш. Ќе се обидеме да задржиме уште едно мало парче од нивното големо искуство, а воедно и да ги разбудиме нивните пријатни спомени од детството, кога сами си ги креирале сопствените играчки.
На креативните работилници, почнувајќи од м.Декември 2018 година, ќе се креира нашиот прв донаторски производ составен од едукативен сет за креирање на ракотворба од чорапи. На работилниците старите ќе ги изработуваат едукативните сетови и ќе ги креираат ракотворбите. Креираните ракотворби ќе им бидат подарени на дечиња од ранливи групи на граѓани на завршниот настан, по повод одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност 29 Април.
Донаторскиот производ ќе биде достапен за продажба од м. Мај 2019 година.

Change in Theme Options or on the cause edit page
Change in Theme Options or on the cause edit page
Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн