Што е Алцхајмерова болест

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Денес во светот 1 од 6 луѓе постари од 65 години и скоро секое второ лице постаро од 85 години, боледуваат од Алцхајмерова болест. Со оглед на тоа дека светската популација старее, современата медицина ја опишува Алцхајмеровата болест како чума на 21виот век.

  • Алцхајмерова болест или во Македонија попозната како “склероза” е најчесто невродегенеративно заболување кај лицата постари од 65 години и е одговорна за 60% од дементните заболувања. Генералното мислење на научниците е дека не постои една единствена причина поради која се појавува Алцхајмерова болест. Постојат различни фактори на ризик кои што се истражуваат и кои што учествуваат во создавањето на оваа болест. Губењето на меморијата е еден од најраните симптоми на Алцхајмерова болест.
  • Луѓето во почетниот стадиум на Алцхајмерова болест имаат потешкотии во создавање на нова меморија, нови сеќавања и спомени. Додека пак сеќавањата од нивното далечното минато ги паметат до најситни детали. Подоцна се појавуваат и други симптоми, како постепено намалување на когнитивните функции (рационалното размислување, говорот и изразувањето), а заболените имаат и чести промени во расположението. Алцхајмерова болест е прогресивна и постепено ги зафаќа останатите мозочни функции.
  • Во подоцнежните стадиуми на оваа болест, луѓето ја губат способноста за искажување на емоции и чувства, а понатаму го губат и здравиот разум. Како што прогресира болеста така се брише и старата и најзначајната меморија на заболениот. При крајните стадиуми се губат и моторните функции. А, во крајниот стадиум болеста ги напаѓа деловите на мозокот кои го регулираат дишењето и работата на срцето.

    fish-old Зошто е важно дијагностицирање во раната фаза?

  •  Со раното дијагностицирање и навременото третирање на      Алцхајмеровата болест се зголемува животниот век на заболениот, а воедно се подига и самиот квалитет на живот. Притоа, лековите кои се наменети за болните од Алцхајмерова болест во оваа фаза имаат поголемо влијание при успорување на самата болест.

    Откривањето на болеста во првите стадиуми е од голема помош и за самите семејства на заболените, кои што ќе имаат повеќе време да се подготват и да ја испланираат грижата за заболениот од Алцхајмерова болест.

     

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн