Членство во Координативно тело (КТ)

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Ги повикуваме установите за социјална заштита на стари лица да се пријават за членство во Координативно тело на E-mail: info@doblest.mk

КТ е првата организирана форма на здружување на домовите  во Р.Македонија,  во рамки  на Здружението  Доблест, која делува  во насока на  подобрување  на условите на старите лица во РМ.11297700_10205906454237001_366015100_n

КТ  има за цел меѓусебно поврзување и  соработка на  Зружението Доблест со  Установите за социјална заштита на стари лица (домови), за  заеднички настап пред институциите на системот, за прашања од интерес на домовите и корисниците на нивните услуги.

11358884_10205906454477007_962723660_nПреку КТ ќе се овозможи размена на знаења, искуства, мислења и ставови, како и  развивање  на нови форми на соработка помеѓу установите за социјална заштита на старите лица, за адресирање и решавања на прашања од заеднички интерес.

Координативното тело го сочинуваат претставници на установите за социјална заштита на стари лица и претставници од здружението ДОБЛЕСТ.

Координативното тело (КТ) има флексибилна структура и начин на делување, што овозможува можности за формирање на посебни „ад хок“ работни групи за одредени прашања кои ке произлезат од потребите на установите, а за  заштита на  правата на старите лица и нивните семејства.

КТ дејствува согласно однапред договорена работна програма.

Членки – основачи на КТ се домовитеЕлисавета, Милица, Руски, Жана-Неготино, ЈЗУ ГЗ ‘’13 Ноември’’, Оддел Мајка Тереза, Резиденција Дабески и Св. Петка.

Board-Table

 

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн