Симптоми на Алцхајмерова болест

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Во почетната фаза на болеста често се јавува дилемата дали конкретните промени се резултат на Алцхајмерова болест или се должат на нормалниот процес на стареење.  Следната листа на знаци и симптоми ќе ви помогне да ја разрешите таа дилема и ќе ви покаже дали и каде треба да побарате стручна медицинска помош.

  1. Заборавање на разни настани и информации кои што се случиле во блиското минато. Притоа, доколку оваа појава е честа и личноста не може да се присети на овие настани, тогаш е добро да се консултирате со матичниот лекар.
  2. Луѓето кои што имаат Алцхајмерова болест најчесто наидуваат на пречки во секојдневните работи. Се случува да имаат тешкотии при подготовка на најобичен оброк, јавување на телефон или вклучување на телевизорот.
  3. Тие што имаат Алцхајмерова болест често имаат и проблеми со говорот и изразувањето. Се случува да заборават одредени зборови и да употребат различни изрази за тој збор. На пример ако не можат да го најдат далечинскиот управувач, го бараат “она нешто за телевизорот”.
  4. Дезориентираност е еден од симптомите на оваа болест. Често се случува луѓето со Алцхајмерова болест да се изгубат во своето соседство, да заборават каде се наоѓаат, како се нашле таму и како да се вратат дома
  5. Се јавуваат проблеми и со апстрактното размислување. На пример може да заборават што се броеви/цифри и за што служат.
  6. Рационалнато размислување кај луѓето со Алцхајмер исто така се намалува и ослабува. Може да облечат зимска облека во летен ден или да имаат летна облека во зима.
  7. Губење и разместување на одредени предмети. Оние кои имаат Алцхајмер често забораваат каде ги оставиле предметите или пак одредени предмети ги оставаат на чудни места. На пример, пеглата може да ја остават во фрижидерот.
  8. Кај некои заболени се јавуваат нагли промени во расположението.Во еден момент се среќни, а веќе во наредниот се тажни или гневни.
  9. Промена на самата личност. Болните од Алцхајмеровата болест целосно се променуваат како личности, можат да станат сомничави, плашливи, збунети и често да зависат од одреден член од семејството.
  10. Губење на смислата за живот. Личноста со Алцхајмерова болест може да стане пасивна, да седи пред телевизорот со часови, да спие повеќе од вообичаено и да одбегнува секојдневни активности.

Како да реагирате доколку ги препознаете овие симптоми?

SymptomsAlzheimers3Доколку кај некој член од вашето семејство ги забележите овие симптоми, тогаш најдобро би било да се обратите кај матичен лекар. Од матичниот лекар ќе се добие упат за клиниката за Неврофизиологија во која што ќе се изврши детален и професионален преглед од страна на доктори сепцијалисти за оваа болест.

 

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн