Ни се радуваат штом ја отвориме вратата

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Треба да ги посетуваме секој ден, не само кога има повод. 

Мораме некои работи да ги земеме во свои раце.

Од неколкуте посети на  „новите домови“ на старите лица, сфатив дека на  старите доволно им е да им ја отворите само вратата и тие се веќе среќни, радосни, на лицата им заигрува насмевка и по некоја солза радосница.Тие, не ве гледаат во рацете да видат што носите, затоа што тука имаат се, ама очекуваат топол збор и заедно испиено  кафе, чај, сок…

Тоа ги прави среќни, буди кај нив надеж за некое подобро утре и тоа позитивно ги мотивира. Особено ги радува кога ке видат дека млади луѓе се организираат да им помогнат, дека се солидаризираат со нив и нивните проблеми, дека се одлучни да им помагаат, да „работат“ за нив.

Мислат дека состојбите во државата, врзани со нивните потреби и статус ќе се подобрат, затоа што, нели младите, се интересираат за тоа и ќе се изборат за тоа. А така и тие стануваат активни учесници во општестевените збиднувања.Така чувствуваат дека активно стареат и се чувствуваат корисни и дел од општествениот живот.Така се амортизира чувството на отфрленост кое  најмногу е изразено кај оваа категорија граѓани.

Колку на овие луѓе од т.н трето доба им значи се уверив при посетите на Домовите за стари лица.

И не само сега, последните неколку години бев чест посетител на еден дом , кој беше новиот дом и на моите родители.Таму среќавав луѓе кои одлучиле овде да го поминат остатокот од својот живот, како и сите оние што ги сретнував во другите домови за стари лица.

За време на посетите ги гледав, истражував и видов дека речиси кај сите одлуката за менување на сопственото живеалиште била донесена тешко, болно. Не толку поради тоа што тие не биле свесни дека тоа е најдоброто решение, колку поради „што ке кажат другите“ .

Кај некои се чувствуваеше сеуште тоа чувство, иако веке, речиси сите новата средина ја прифатиле како свој нов дом и така се однсуваа. Понекогаш, во разговорот , некој ке рече „кога ке си одам дома…“, но реално тоа не е потреба, туку повеќе начин на изразување, кога сакаат да кажат дека тие ќе бидат подобри и ќе се вратат на нивните поранешни  активности, на нивниот поранешен начин на живеење. И тоа најчесто се случува тогаш, кога ке се започне муабет за нивните потреби и барања и особено кога ние ке им кажеме што работиме и за што  се залагаме.Е, тогаш го имаат чувството дека се активни чинители и дека еден ден и тие ке се вклучат во сето тоа. А тој ден е денот „кога тие ке се вратат дома“.

И од тука веќесе е поинаку! Насмевката се враќа, затоа што и надежта се враќа.

Толку малку им треба да се орасположат, да се опуштат, да се расприкажат…

А , ние…. ние исто така сме среќни, расположени и секогаш спремни да слушнеме некоја нивна стара приказна и да научиме некоја  нова мудрост од нив.

Па, да ги посетуваме, да разговараме со нив!

Можеби тоа ќе не поттикне ,веќе утредента, знаејќи дека  некого сме усреќиле , да отидеме до соседите-пензионери, да ги посетиме и да им помогнеме ако треба.

 Автор: Мимоза Вујошевиќ

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн