Структура на здружението Доблест

Структура на Здружение на граѓани ”ДОБЛЕСТ”
(кликни тука за да го погледате или симнете Статутот на здружението во PDF формат)
Органи на Здружение на граѓани ДОБЛЕСТ се:


  • Собрание
  • Извршен одбор
  • Претседател
  • АД хок комисија за ревизија

СОБРАНИЕ

Собранието е највисокиот орган кој го сочинуваат сите членови на здружението.
Собранието го сочинуваат и претставници на организационите органи.
Член на Собранието може да биде личност што придонесува за развој на правата на старите лица и го прифаќа Статутот, Програмата за работа и другите акти на ЗМСД.

Во Собранието може да членуваат и други лица, претставници на релевантни здруженија на граѓани, организации и институции.

ИЗВРШЕН ОДБОР

Членови на ИОИзвршниот одбор на Здружение на граѓани ”ДОБЛЕСТ”, е извршен орган на Собранието, чии програмски цели и политика ги спроведува.
За својата работа Извршниот Одбор му одговара на Собранието на здружението.
Извршниот одбор го сочинуваат претседателот на здружението и 4 членови.
(кликни на сликата)

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот на здружението го претставува и застапува здружението во правниот промет и спрема трети лица.
Претседателот е овластен потписник на жиро сметката на здружението.
Претседателот за својата работа одговара пред Собранието.

Претседател на Здружение на граѓани ДОБЛЕСТ е Ивана Стојановска.

АД Хок комисија за ревизија

Комисијата за ревизија се формира еднаш годишно.
Составена е од три члена избрани од Извршниот Одбор на здружението и ги врши следниве работи:
-увид во финансиското работење
-анализа на годишните финансиски извештаи;
-контрола врз наменското користење и располагање со средствата
-укажува на неправилности со кои се причинува материјална штета на здружението
-дава предлози и препораки до Собранието за предвремено разрешување на членови на Извршниот одбор и вработени лица, поради несоодветно, незаконско и работење спротивно на Статутот.
-поднесува годишен извештај за својата работа до Собранието

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн