Работна Програма

slidebg2.jpg
Стретешка област 2
Стретешка област 3
Стретешка област 4

Социјална интегрираност на возрасните лица во општеството

Примена на европските концепти на активно стареење и меѓугенерациска солидарност (роднинска, соседска и волонтерска)

• Поттикнување на учество на старите лица во различни социјални и културни активности 2014-2019
• Поттикнување и одржување на креативноста кај старите лица 2014-2019
• Поттикнување на можности за размена на искуство 2014-2019
• Искористување и целосен развој на потенцијалите на старите лица, во средината во која живеат 2014-2019

Зголемено учество на старите лица во заштита и промовирањето на традицијата, обичаите и културата

• Публикација на едукативни тематски брошури за зачувување на културата, традицијата и обичаите 2015-2019
• Подготовка на посебна дата база со раскажани животни приказни на старите лица во Македонија 2015-2019

Примена на пристапот заснован на човекови права за заштита на старите лица

• Информирање и едукација на старите лица и нивните семејства, за правата и услугите кои старите лица можат да ги остварат во системите на социјална заштита 2014-2019
• Јакнење на свеста за спречување на злоупотреба и насилство на старите лица 2017-2019
• Поттикнување на активно учество на возрасните лица во креирање на национални и локални политики 2016-2019
• Иницирање на форуми, дискусии, јавни трибини, работилници и конференции за потребите на старите лица 2015-2019
• Публикација на информативна брошура од едукативен карактер за стари лица 2015-2017

Анимирање на соодветни политики за старите лица согласно европските политики и стратегии

Лобирање кај надлежните институции за напредување и имплементација на националните политики за стари лица

• Зачленување во регистарот на здруженија на граѓани кои работат на полето на социјална заштита во рамки на Министерство за труд и социјална политика 2015-2016
• Активно учество во работните тела на МТСП за следење на националните политики и стратегии за стари лица 2015-2019
• Иницирање на измени и дополнувања на закони за социјална и здравствена заштита на стари лица 2016-2019
• Иницирање на дискусии за воведување на нови форми и модели на институиционална и вонинституционална грижа на старите лица 2014-2019
• Имплементација на законадавната регулатива и националните политики за стари лица (отварање на сервиси за домашна нега, дневни центри за стари лица и др. форми на грижа за стари лица,) 2014-2019
• Стекнување на акредитација од Министерство за образование и наука за сертифицирање на кадар (лица) за грижа на стари лица 2015-2019

Истражување и анализа на квалитетот на живот на старите лица

• Мапирање на локалните и социјални проблеми и потреби на старите лица 2017-2019
• Истражување и анализа за квалитетот на живот на старите во домовите за стари лица 2015-2019
• Организирање на регионални форуми за стари лица 2015-2019

Јакнење на капацитетите на лицата вклучени во работата на здружението

• Учество на семинари, обуки, конференции за постојните политики и практики наменети за стари лица од национален и интернационален карактер 2014-2019
• Искористување на постоечките грантови за здруженија на граѓани за меѓународна посета и размена на искуство со релевантни организации, центри и сервиси за стари лица 2014-2019
На почеток

Соработка со релевантни институции и организации од национален и интернационален карактер

Воспоставување на соработка, комуникација и координација помеѓу релевантните чинители на локално и национално ниво 2014-2019

• Унапредување на комуникацијата, соработката и размената на искуство помеѓу приватните и јавните домови и центри за стари лица на национално ниво 2014-2019
• Остварување на соработка и партнерство со меѓународни здруженија на граѓани, организации, центри и домови за стари лица кои активно работат на подобрување на квалитетот на живот на стари лица
• Зачленување во Европската платформа за активно стареење и спроведување на заеднички иницијативи и проекти 2016-2019
• Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа 2014-2019
• Обезбедување на поддршка за спроведување на проекти од национален и интернационален карактер 2014-2019
На почеток

Комуникација со пошироката јавност

Подготовка на годишен план за комуникација со јавноста

• Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението 2014-2019
• Креирање на посебен профил од едукативен карактер на социјалните мрежи (фб, твитер и линкедин) 2014

Примена на европски примери и позитивни практики за поттикнување на волонтеризмот, хуманоста и солидарноста за помагање на старите лица

• Организирање на кампањи за јакнење на свеста кај пошироката јавност за потребите на старите лица 2015-2019
• Спроведување на хуманитари активности за подобрување на меѓугенерацискиот јаз 2014-2019
• Традиционално обележување на денот на старите лица 2014-2019

Промовирање на македонските позитивни практики за активно стареење и меѓугенерациска солидарност

• Подготовка на натписи за релевантни национални и интернационални магазини и весници 2015-2019
• Учество на меѓународни обуки, конкурси и награди 2014-2019
На почеток

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн