Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Автор: Ели Радеска

dedo_deteНекои од нас израснале со своите баби и дедовци, други ги гледале само кога им оделе на посета. Сеедно, љубовта која ја чувствуваме кон нашите баби и дедовци е голема. Се рекло дека човекот ги сака своите деца, но уште повеќе ги сака своите внуци. Дали тоа е така, останува да дознаеме кога ќе ги дочекаме нашите внуци. Во меѓувреме, не можеме да одречеме дека взаемната љубов меѓу бабите и дедовците и нивните внуци е навистина голема. Еве зошто ги сакаме нашите баби и дедовци и зошто не смееме да заборавиме на нашата љубов кон нив.

1. Затоа што како мали нè носеле во продавница и ни велеле да си купиме сè што сакаме.
2. Ни даваат верба во вистинската љубов и сродните души бидејќи неизмерно се сакаат речиси целиот свој живот.
3. Секогаш кога ќе дојдат на посета или кога ќе ги посетат нивните внуци, ги готват најубавите јадења.
4. Нè извлекуваат од кашата и нè бранат пред нашите родители.
5. Не се срамат да бидат тоа што се, интересни се кога сакаат да се забавуваат со нас и можат навистина да бидат откачени.
6. Секогаш се на наша страна и секогаш нè поддржуваат.
7. Никогаш не би ни се налутиле, но дури и да се случи тоа, не ни се лутат долго.
8. Нивните правила најчесто не важат за нивните внуци – сте можеле дури и да ја јадете тортата на баба пред да биде послужена.
9. Бидејќи од нив сме ги добиле најубавите подароци за роденден.
10. Би се откажале од сè за нас.
11. Секогаш можат да ни помогнат кога станува збор за историјата, дури и да ни кажат приказни на кои посведочиле тие самите.
12. Бидејќи никогаш не сме заминале од кај дедо и баба без да ни дадат џепарлак.
13. Поради своето животно искуство најчесто имаат одговор на сè и ни ги даваат најискрените совети.
14. Бидејќи славеле со часови и денови на веста дека им се родил/а внук/а.
15. Бидејќи нè сакаат безусловно.

Фотографија: Даниел Цуклев
Линк до оргиналниот текст

Сеуште нема коментари

Испратете Коментар

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн