СТОП за злоупотреба на стари лица

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

 

bvbn,1Генералното собрание на Обединетите нации, во својата резолуција 66/127, го назначи 15-ти Јуни како Светски ден за подигнување на свеста за злоупотребата на стари лица. Тоа претставува еден ден во годината кога целиот свет го изразува своето противење на злоупотребата и страдањето нанесено кон некои од нашите постари генерации.

Глобалната популација на луѓе на возраст од 60 години и постари ќе се зголеми двојно, од 542 милиони во 1995 година на околу 1,2 милијарди во 2025 година. Околу 4% до 6% од постарите луѓе имаат доживеано некој облик на малтретирање во домот. Малтретирањето кај старите лица може да доведе до сериозни физички повреди и долгорочни психолошки последици. Инциденцата на злоупотреба кон постарите луѓе се предвидува да се зголеми, бидејќи многу земји се соочуваат со брзо стареење на населението.

Злоупотребата на стари лица е глобален социјален проблем кој влијае на здравјето и човековите права на милиони постари лица од целиот свет, и прашање кое заслужува вниманието на меѓународната заедница.

Националното истражување, „Преваленца назлоупотребата на стари лица“, кое го спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања-Скопје во 2011 година, со поддршка на Светската здравствена организација имаше цел да го истражи феноменот на насилство и злоупотреба на стари лица и да овозможи идентификација на преваленцата на семејно насилство и злоупотребата врз стари лица, да ги идентификува доминантните облици на насилство и злоупотреба на стари лица и да ги идентификува сторителите.

Истражувањето е спроведено на територија на Република Македонија на стратификуван репрезенативен примерок и опфатило 960 испитаници (429 мажи и 530 жени) на возраст над 65 години кои живеат во приватни домаќинства. Теренското истражување е спроведено во текот на декември 2011 година со примена на лице в лице истражувачка метода и прашалник како техника за собирањена на податоци.

  • Според истражувачките резултати, 34,6% од лицата на возраст над 65 години искусиле некаков облик на насилство, злоупотреба или запуштање;
  • Најголем број од испитаниците искусиле еден вид на злоупотреба (59.02%), додека 24,78% од испитаниците искусиле 2 вида на злоупотреба, а 16,2% искусиле повеќе од 3 вида на злоупотреба;

Согласно работната програма на Здружение ДОБЛЕСТ се предвидени кампањи за јакнење на свеста за спречување на злоупотреба и насилство на старите лица, за кои се надеваме ќе обезбедиме поддршка за нивно реализирање. Повикуваме апел до Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Влада на Р.М, Град Скопје, општините и бизнис секторот да ја дадат својата поддршка за интегрирано пристапување во заштитата на злоупотребата на старите лица.

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн