Видови злоупотреба на стари лица

Испратено во: Некатегоризирано
Тагови:

Првиот чекор во запирање на злоупотребата на постарите е да си признаеме дека тоа постои,
се случува секојдневно на многу различни начини и да кажеме СТОП на насилството и злоупотребата на старите лица.
Еве ги петте најчести видови на злоупотреба на стари  лица:

Occupational therapists launch new guidelines to help stop elder abuse before it starts (CNW Group/Canadian Association of Occupational Therapists)

15 Јуни Светски ден за подигање на свеста за злоупотребата на старите лица

1. Физичка злоупотреба

„Сите човечки суштества се раѓаат со еднакви и неотуѓиви права, и имаат право на старост со достоинство, почитувани од нивните семејства и заедници, без запоставување, злоставување и насилство.“-Бан Ки-мун

Физичката болка или повреда која е намерно нанесена на еден старец од страна на лице старател или на кое му е доверена грижата за старото лице. Физичката злоупотреба вклучува, но не е ограничено на, тепање, сексуална злоупотреба, неразумно физичко ограничување на слободата на движење,  долготрајно одземање храна или вода.

2. Финансиска злоупотреба                                                             

Кражба или злоупотреба на парите или имотот на едно старо лице од страна на лице во кое ја има добиено
довербата на постарото лице.

3. Запоставување

Неуспехот на некое лице или установа кои ја имаат грижата и негата за старото лице да обезбедат степен
на заштита кој било кое разумно лице во слична позиција би обезбедило. Ова вклучува, но не е ограничено на неуспехот да се обезбеди:
• помош во одржување на лична хигиена или обезбедување на облека на старото лице
• медицинска нега согласно здравствената состојба и потребите на старото лице
• заштита од опасности по здравјето и безбедноста на старото лице.

4. Психолошка / Емоционална злоупотреба

Намерно нанесување на душевно страдање од страна на лице кое ја има дoвербата на постарото лице. Примери: вербални навреди, закани, влевање на страв, понижување, заплашување или изолација на еден старец.

5. Напуштање

Напуштање или намерно откажување од старото лице од кое било лице кое ја има грижата и старателство за постарото лице, под околности во кои една разумна личност ќе продолжи да обезбедува здравствена заштита или грижа.

Зачленете се во Здружението ДОБЛЕСТ
Change this in Theme Options
Copyright © 2019 All Rights Reserved. Designed by МакедонскиПреводи & Вебдизајн